М У Л Т И К Р Е М
English
Профил

 

 

 

Фирмата Мултикрем ДООЕЛ Штип е основана 1996 година во приватна сопственост на г. Санде Давчев. Нејзина основна дејност е производството на прехранбени производи и тоа:
  • Мулти Веј - смеса од чоколаден и млечен крем во пакување од 200, 400, 500, 900 и 2500 грама.
  • Чоко-Хип - вафел полнет со чоколаден крем
  • Чоко-Бисквит - чоколадиран бисквит
  • Мултибон - десертни бомбони
  • Мултибуено - чоколадиран вафел полнет со крем
  • Чоколаден прелив и друго.

Сите кондиторски производи се со висок квалитет, кој перманентно се испитува во лабораторијата на Ветеринарниот институт во Скопје.
Мултикрем ДООЕЛ Штип има вкупно 64 вработени лица, предводени од генералниот менаџер г. Санде Давчев, дипломиран електроинженер. Иднината на фирмата се креира во правец на подобрување и усовршување на технологијата за производство, зголемување на асортиманот на производите, како и зголемување на пласманот и потрошувачката на истите.

 
Мултикрем Д.О.О.Е.Л. Штип
Адреса: Ул. Гоце Делчев б.б. Штип;
тел.: +389 32 390-232;
факс:+389 32 392-232

Спонзорирано од Министерството за Економија на Република Mакедонија