|
Суровински состав:
Брашно, шеќер, сол, јајца, растителни масти,
млеко во прав, сурутка во прав, какао во прав, какао маса,
лецитин, природно идентични ароми, средство за нараснување.
Краток опис на технолошката постапка на изработка на "Чоко-бисквит":
Во миксерот на машината за чоколадирање се наоѓа стопено и
темперирано млечно чоколадо. Калапите се полнат со млечно
чоколадо, потоа се превртуваат на тресилката од машината за
чоколадирање, така што на нив останува тенок слој од чоколадо.
Во вдлабнатините на калапот се сместуваат бисквитите, а потоа
калапите се пуштаат на лентата од тунелот за ладење. По излегувањето
од тунелот, калапите повторно се чоколадираат односно дополнуваат
со чоколадо, така што бисквитот се прекрива целосно со чоколадо.
Се пуштаат повторно на лентата од тунелот за ладење. По ладењето
(излегувањето од тунелот) се истресуваат од калапите и се
пакуваат во соодветна амбалажа.
|