М У Л Т И К Р Е М
English
Чоко-хип

 


+ Мултикрем
+ Чоко-хип
+ Чоколадо за готвење (црно)
+ Чоколадо за готвење (бело)
+ Млечно чоколадо
+ Полнето чоколадо
+ Морски слатки - Школки
+ Чоко-бисквит
+ Супер сендвич
+ Чоколадирани производи

 

 

Р. бр. Назив на производ Ед. м. Збирно пакување:
1. Чоко-хип 100 г бр. 40/1
2. Чоко-хип 45 г бр. 60/1
3. Чоко-хип полн 10 см бр. 500/1
4. Чоко-хип празен 10 см бр. 500/1
5. Чоко-хип празен 12 см бр. 500/1
6. "10 слатки нешта" 85 г бр. 20/1
7. "10 слатки нешта" 100 г бр. 30/1

Суровински состав:

Брашно, шеќер, сол, јајца, растителни масти, млеко во прав, сурутка во прав, какао во прав, лецитин, лешник, природно идентични ароми.
Краток опис на технолошката постапка на изработка на "Чоко-хип":
Прва фаза од технолошката постапка на изработка на "Чоко-хип" е подготовка на тесто за Чоко-хип во посебен миксер за подготовка на тестото. По додавањето на суровините за подготовка на тестото во миксерот, истите се мешаат неколку минути и готовото тесто се префрла во резервоарот на машината за Чоко-хип. Истовремено се врши и подготовка на крем за Чоко-хип во посебен миксер за хомогенизација, на сличен начин како и при производството на "Мултикрем". По хомогенизацијата на кремот, истиот се префрла во дупликаторот, каде на одредена температура и со постојано мешање се врши складирање на поголемо количество на крем за Чоко-хип. Од дупликаторот кремот за Чоко-хип се префрла во резервоарот за крем на машината за Чоко-хип. Откако ќе се загрее барабанот на кој се пече тестото за Чоко-хип, се врши подесување на количината на тесто кое се распределува на барабанот за печење на истото. Тестото на барабанот се обликува во форма на тенка лента која со вртењето на барабанот се одлепува од истиот и се намотува околу вретеното (веќе испечено тесто). Овде лентата од тесто се обликува во шупливо континуирано стапче, кое преку вретеното се полни со крем и истото се насочува кон ножот за сечење. Количеството на крем кое се дозира преку вретеното се регулира со помош на пумпа за крем. Ножот за сечење работи со помош на сензор преку кој се регулира должината на стапчињата на Чоко-хип.

   
Мултикрем Д.О.О.Е.Л. Штип
Адреса: Ул. Гоце Делчев б.б. Штип;
тел.: +389 32 390-232; факс:+389 32 392-232


Спонзорирано од Министерството за Економија на Република Mакедонија