|
Суровински состав:
Брашно, шеќер, јајца, растителни масти, какао
во прав, сол, лецитин, природно идентични ароми, средство
за нараснување.
Краток опис на технолошката постапка на изработка на чоколадирани
(преслечени со чоколадо) производи:
Во миксерот на машината за чоколадирање се става чоколадо
за готвење, кое е изработено во погонот за крем. Чоколадото
се топи, а потоа се темперира според одредениот температурен
режим. Наместо тресилката, на машината за чоколадирање се
поставува мрежата за чоколадирање, која се прилепува (надополнува)
до лентата од тунелот за ладење. Чоколадото со помош на посебен
дел се насочува да паѓа (тече) вертикално на мрежата во вид
на "чоколадна завеса". Производите се поставуваат
на мрежата која се движи и истите ги носи низ "чоколадната
завеса", при што се преслекуваат со чоколаден слој, чија
дебелина потоа се регулира со брзината на воздухот кој дува
врз мрежата од посебен дел. На тој начин се отстранува вишокот
чоколадо нанесено врз производите. Од мрежата производите
директно преминуваат на лентата од тунелот за ладење. По излегувањето
од тунелот тие се пакуваат.
Производите "Мултибуено" и "Чоко-банана"
претставуваат вафел полнет со крем (кремот се дозира со апаратот
за дозирање на крем за полнење), а потоа чоколадирани според
горенаведената постапка.
|