|
Суровински состав:
Шеќер, растителни масти, млеко во прав, какао
во прав, какао маса, лецитин, природно идентични ароми.
Краток опис на технолошката постапка на изработка на: "Чоколадо
за готвење" (црно и бело), "Млечно чоколадо":
Чоколадните смеси за овие производи се подготвени во "погонот
за крем" по слична технолошка постапка како и за производот
"Мултикрем". Од миксерите за хомогенизација тие
се излеваат во контејнери и служат како суровина во "погонот
за чоколадирање", каде всушност се врши нивно обликување
во сакана форма.
Во миксерот на машината за чоколадирање се става саканата
чоколадна смеса (чоколадо за готвење - црно, чоколадо за готвење
- бело, млечно чоколадо) и прво се врши топење на чоколадната
смеса на одредена температура и одредено време. Потоа се врши
темперирање на стопената чоколадна смеса. По топењето и темперирањето,
чоколадната смеса се излева во калапи (за да ја добијат саканата
форма и нето-маса) и истите се пуштаат на лентата од тунелот
за ладење. По ладењето на калапите наполнети со чоколадната
смеса (по излегувањето од тунелот за ладење) на одредена температура,
изладеното чоколадо се истресува од калапите и се врши негово
пакување.
|